(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЈАВНО ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА, ПОТОА ДА СЕ ОДИ НА ИЗБОРИ
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција ги повтори условите под кои опозициската паритја би учествувала на предвремени парламентарни избори, а тоа се избори со пржинска влада, на 100 дена пред избори. Тој децидно не кажа дали би учествувале на избори со скратени рокови, како што предложи премиерот Зоран Заев.
„Долг период оваа Влада својата неспособност да испорача видливи подобрувања важни за животите на граѓаните го компензираше со оркестрирана кампања, би рекол наметнување на сеопшта психоза во општеството дека следи процес на решавање на името, што објективно е долгогодишен спор и камено сопнување и дека на тој начин ќе се откочел процесот кон зачленување на нашата татковина во НАТО и ЕУ. Зад таквиот превез и создадени очекувања дека ќе направи некаков исчекор, владејачкото мнозинство си создаде алиби за сите неуспеси во реалниот живот, станувајќи влада за едно прашање. Но сведоци сме дека и на тоа прашање доживеа дебакал. Решението кое го донесоа на маса е катастрофално и неприфатливо и за ВМРО-ДПМНЕ и за мнозинството на граѓани. И покрај тоа дека премиерот, државата на овој начин ја турка во провалија и овој процес пред се со суштината и начинот на кој го водеше, односно промена на името и идентитетот удри во ѕид, бидејќи премиерот го дејствуваше нечесно, туркајќи ја земјата кон меѓународно бламирање, манипулирајќи ги меѓународните партнери и меѓународната заедница дека ова може да помине кај граѓаните. Народот сфати дека на масата каде се носат одлуките не е дали ќе станеме членка на НАТО И ЕУ туку дали ќе се себепреименуваме, нашите деца и сите наши идни поколенија и притоа ќе го изгубиме нашиот идентитет без да добиеме никакви гаранции. И покрај, притисоците, заканите бруталното полнење на кутии, власта не успеа да ги изманипулира граѓаните кои останаа свесни и трезвени, кои покажаа државотворност и одговорност кон својата земја на највисок степен и тоа е нешто што на овие луѓе од владата им недостасува. Никако не може да се игнорира волјата на повеќе од милион и двестотини илјади граѓани. Заев веќе нема легимитет и кредибилитет за позицијата која што ја врши бидејќи неуспешниот референдумот е порака не само дека договорот не проаѓа туку и дека криминалиите не смеат да продолжат и милионските тендери во 4 очи“, рече Мицкоски
Освен познатите услови – избор на нов јавен обвинител, пржинска влада и анкетната комисија за референдумот, тој денеска излезе со нов предлог – премиерот Заев јавно да се откаже од Договорот со Грција, потоа да се оди на избори, а после изборите да се фомира ново јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО и ќе ги доистражи прислушаните разговори и сомнежите за криминал на оваа Влада.
„Има две опции. Првата се избори, кои Зоран Заев ги најави и ВМРО-ДПМНЕ ги прифати. За тоа да се случи мора да има техничка влада. Потребно е да се создаде атмосфера на фер услови и да се избере јавен обвинител на предлог на опозиција. Втората опција е Зоран Заев веднаш да се откаже од Договорот и веднаш на избори, па народот да одлучи. ВМРО-ДПМНЕ по изборите веднаш ќе поддржи создавање нова институција за гонење на криминал, водена од јавен обвинител постигнат со консензус од сите партии“, изјави Мицкоски.
„Власта лажно ме обвинува дека сум барал некаква општа амнестија и сака да ме девалвира мене лично и измислуваат дека намерно сме го кочеле политизираното СЈО. Влегов во политиката да му служам на народот и поради тоа да созадавам за народот, но и да се борам против криминалот. Ниту сум условувал, сите пратеници имаат должност да ја следат волјата на граѓаните. Втората опција е Заев веднаш да се откаже од Договорот, па потоа на избори. Притоа ВМРО-ДПМНЕ после изборите ќе поддржи ново обвинителство, веднаш по завршувањето на СЈО, овојпат јавен обвинител со консензус кој вистински ќе се бори против криминалот, но и да ги доспита прислушуваните материјали, како и криминалите на оваа влада. Еве шанса оваа Влада да докаже дека вистински е против криминалот“, рече Мицкоски.

