| |

ЦИПРАС ПОТВРДИ ДЕКА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА 7 ЈУЛИ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврди дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 7 јули по поразот на неговата левичарска партија СИРИЗА на локалните и на изборите за Европскиот парлмент.

Тој во интервју за телевизијата ЕРТ изјави дека в понеделник ќе отиде кај грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за да побара да бидат распишани избори.

„Резултатите од евроизборите ни испратија порака за разочараноста на граѓаните. Наша грешка е што не бевме свесни за заморот на грчкиот народ“, изјави Ципрас, кој на власт дојде во јануари 2015 година.

Извор: Макфакс



Слични Објави