ЦИПРАС: ГОРД СУМ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, ДОНЕСОВМЕ ТЕШКА ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА

//

Донесовме тешка политичка одлука, одлука која што не се осмелија да ја донесат моите претходници, спротивно на струјата на популизмот и иако имаше влијание и политичка цена во цела Грција, горд сум за ова, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ во однос на Договорот од Преспа и последиците од него за актуелната влада.

-Горд сум, но сметам дека имаше влијание. Може не се гледа во северна Грција, но имаше во цела Грција. Бидејќи во клучниот период кога земјата излегуваше од меморандумите и земјата дишеше, а јас на Меѓународниот саем во Солун, како премиер, прв пат по осум години најавив позитивни мерки, создаде клима на политичка конфронтација и поларизација, широка поларизација, во која преовладуваше идентитетската, а не економската тема, што во втор план ги стави закрепнувањето, просперитетот и надежта што по големи тешкотии конечно дојде за земјата. Што значи дека ни направи штета. Имаше политичка цена, но не цена на поделба меѓу север и југ, како што некои прогнозираа, туку постоеше на ниво на цела Грција, објасни Ципрас.

Грчкиот премиер во интервјуто за ЕРТ што траеше час и 45 минути, потврди дека предвремените парламентарни избори во Грција ќе се одржат на 7 јули.



Претходна статија

САД СО НОВИ САНКЦИИ КОН КУБА

Следна статија

ЦИПРАС ПОТВРДИ ДЕКА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА 7 ЈУЛИ

Најново од Вести