|

Бремена жена со помош на хумани луѓе, доби покрив над глава

Хуманитарната организација „Свети Спас“ од Скопје, под водство на отец Оливер Петровски, обезбеди привремено сместување и шанса за подобар почеток на бремена жена која останала без покрив над главата.

По добиен апел од Центарот за социјални работи – Скопје, членовите на организацијата веднаш реагирале за да ѝ помогнат на жена која се наоѓала во седмиот месец од бременоста и била принудена да живее на улица. Иако по интензивна потрага не успеале да најдат трајно сместување, не дозволиле таа да остане под отворено небо.

„Свртевме бројни огласувачи и агенции за недвижности, но за жал, без успех. Сепак, благодарение на нашиот брат Пепи Младеновски, успеавме барем за момент да ја сместиме во хотел, велат од организацијата.

Добрите луѓе со своите донации овозможиле собирање средства доволни за покривање на кирија и режиски трошоци за наредните три месеци. Сепак, потребна е дополнителна поддршка – итно се бара соодветен простор за подолгорочно сместување на оваа жена и нејзиното идно бебе.

Доколку имате слободен простор или пак познавате некој што издава стан, гарсоњера или куќа, ве молиме јавете се на 078 383 743. Не дозволувајте оваа мајка да остане на улица. Бог да ве благослови! – гласи апелот од организацијата „Свети Спас“.

Слични Објави