Бугарија подготвува големо претставување на туристичкиот саем во Лондон
Министерството за туризам на Бугарија и оваа година ќе организира национално претставување на престижниот меѓународен туристички саем World Travel Market (WTM) во Лондон, јавува БНР. На 45. издание на ова значајно туристичко случување, што ќе се одржи од 4 до 6 ноември годинава, Бугарија ќе настапи со рекордно голем штанд со површина од 399 квадратни метри.
Како што соопштува Министерството за туризам за специјализираниот туристички портал bgtourism.bg, националниот штанд е зголемен за речиси 100 квадратни метри поради големиот интерес од бугарски туристички компании и општини.
На годинашното издание на WTM, кое важи за најголема берза за професионалци во туристичката индустрија и второ најголемо туристичко изложување во светот по берлинскиот ITB, ќе учествуваат вкупно 21 бугарски изложувач.
