| |

Во родопското село Гела денеска и утре ќе се одржи фестивал на родопската каба гајда

Во близина на живописното родопско село Гела, денес и утре ќе се одржи традиционалниот собир и гajдарско натпреварување на прочуените Илинденски Полjaни. Овој настан, кој со години привлекува илјадници љубители на традицијата и народната музика, повторно ќе ја исполни планината со звуците на родопската каба гајда, јавува БНР.

Во текот на двата фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во настапите на најдобрите гајдари, кои ќе се натпреваруваат во пријателска атмосфера пред професионално жири. Програмата предвидува и настапи на две сцени, каде ќе се претстават народни музичари, изведувачи од бугарската дијаспора, пејачи, танцови ансамбли и музички формации.

За најмладите посетители ќе бидат организирани специјални работилници, на кои децата ќе имаат можност да се запознаат со гајдата и да ги направат првите музички чекори под менторство на искусни музичари.

Покрај богатата музичка програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во автентични родопски вкусови и традиционална храна, што дополнително ќе придонесе за празничната атмосфера.

Слични Објави