ФОРД ИЗЛЕТА ОД АВТОПАТОТ КУМАНОВО-СКОПЈЕ, ВОЗАЧОТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН
Возач се здобил со тешки повреди откако со својот автомобил „Форд Фиеста“ излетал од автопатот Куманово-Скопје.
Несреќата, информира МВР, се случила вчера утрината.
-Во незгодата возачот В.Т.(25) од Куманово се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, додаваат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.