|

Кремљ: Лоши вести од Вашингтон денес

Кремљ ја коментираше несреќата откако медиумите објавија дека во авионот имало двајца руски лизгачи.

„Денеска се лоши вестите од Вашингтон. Жалиме и изразуваме сочувство до семејствата и пријателите на нашите сограѓани кои загинаа во оваа авионска несреќа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на Американ ерлајнс кој се урна во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Слични Објави