| |

Изложба „Неиздадени дипломи“ во Благоевград за годишнината од војната во Украина

„Неиздадени дипломи“ е темата на изложбата со која Американскиот универзитет во Благоевград ќе одбележи една година од почетокот на војната во Украина.

Настанот е организиран од украински студенти, како и нивни сонародници од над 45 универзитети ширум светот.

Изложбата е своевиден личен наратив за навлегувањето на војната во животот на овие млади луѓе. Приказни за студентите кои загинаа во овој конфликт и за оние кои моментално се на првите борбени линии бранејќи ја независноста на својата татковина.

Студентите од Украина и сите нивни пријатели и колеги сакаат да му кажат на светот за тековната војна и цената што Украинците секојдневно ја плаќаат во нивната борба за слобода.

„Неиздадени дипломи“ го почитува споменот на украинските студенти кои никогаш нема да дипломираат затоа што нивните животи ги одзеде руската инвазија.

Изложбата беше отворена во 11 часот локално време во студентскиот кампус на Американскиот универзитет во Благоевград, а посетителите ќе имаат можност да дадат донација за поддршка на Украина.



Слични Објави