| |

Средба Петрова-Корман: Влезот на Бугарија во Организацијата за економска соработка и развој останува основен приоритет

Министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова се сретна со генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР), Матијас Корман, во рамките на Годишниот состанок на Советот на Организацијата на министерско ниво во Париз, јавува бугарското МНР.

За време на разговорот, шефицата на бугарската дипломатија нагласи дека членството на земјата во ОЕСР останува основен приоритет на надворешната политика на новата бугарска влада, која презела обврска техничката фаза од процесот на пристапување да ја заврши што е можно поскоро. „Високо ја цениме тесната, позитивна и конструктивна соработка со Секретаријатот на ОЕСР во текот на целиот процес на пристапни преговори“, изјави министерката Петрова.

Од своја страна, Матијас Корман го потврди својот личен ангажман кон процесот на проширување на Организацијата. Тој истакна дека Бугарија останува во добра позиција да ја заврши техничката фаза во текот на оваа година.

Министерката Петрова и генералниот секретар Корман ја потврдија својата заедничка оценка дека пристапувањето на Бугарија во ОЕЦД ќе има заемно корисен карактер и изразија подготвеност да ја продолжат тесната соработка со цел успешно завршување на процесот.

Слични Објави