|

17-годишна охриѓанка тешко повредена во сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл и автомобил

Синоќа во 21.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(18) од Охрид и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(23) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка на мотоциклот од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.



Слични Објави