СДСМ: Нема потреба да се кочи системот со предвремени избори секоја година
Наредните парламентарни избори ќе бидат редовни во 2024 година, порача денеска претеникот на СДСМ, Дарко Каевски, oткако од ВМРО-ДПМНЕ претходно кажаа дека се согласуваат да има избори и без техничка влада и со една изборна единица.
Според него, новата Влада има полн легитимитет во периодот од 2 и пол години да ги спроведе сите реформи и сите процеси во интерес на граѓаните.
„На граѓаните не им се потребни предвремени парлментарни избори секоја година, тоа значи дополнителни кочења на процесите на системот, туку, напротив, потребно им е сето она за што се залагаме, односно спроведување на владината програма, на мерките што значат подобар живот, што значат подобар стандард и што значат подобро справување и со енергетската и со здравствената, а притоа и со економската криза со која се соочува државата“, нагласи претставникот на владејачката партија.
Извор: Temite
