|

Османи: Оптимизмот меѓу Скопје и Софија се должи на позитивната атмосфера последните месеци

Оптимизмот и од Скопје и од Софија се должи на позитивната атмосфера која ја создадовме последните месеци преку континуирани средби на политичко ниво. Волјата е тука, динамиката е тука, предлози има на маса. Решение ќе има кога ќе има решенија за сите аспекти, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговорајќи на новинарско прашање, по средбата со сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија, Каролине Едштадлер, пренесува zoom.mk.

Прашан на што се должи позитивната атмосфера меѓу Скопје и Софија, Османи потенцираше дека се должи најмногу на континуираните средби на политичко ниво, меѓутоа и интензивните средби на секторските работни групи.

-Оптимизмот се должи на интензивните средби на секторските работни групи, кои секоја недела со една позитивна волја и со вложеност произведуваат резултати. Бројни меморандуми кои ги набројав на последната средбаа, договори, конкретни проекти кои на некој начин ја враќаат довербата меѓу двете влади, а се надевам и двете општества, додаде министерот.

Оптимизмот, како што рече, се должи и на честите средби на групите по однос на политичките прашања.

-Размената на идеи, искреноста во пристапот. Забележувате дека нема првокации помеѓу двете страни кои се испраќаат преку посредни канали, туку сето тоа што го имаме како став го кажуваме најпријателски и најотоврено на маса, и се обидуваме да најдеме достоинствено решение, кое на крај треба да ги остави и двете страни или подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни, рече Османи.

Според шефот на дипломатијата, волјата е тука, динамика има, предлози има на маса. Како што рече, решение ќе има, кога ќе има решение за сите аспекти.

-Од прв ден збирувам за сеопфатен документ, за сеопфатно решение, кое во еден момент ќе ги реши сите аспекти од проблемот. Се додека имаме разлика за еден елемент од целиот пакет, не можам да кажам дека имаме решение за целиот пакет. Меѓутоа динамиката, волјата и пристапот даваат надеж. Дали ќе има решение, не може никој да потврди во моментот, додаде Османи.

Во однос на работата на историската комисија, министерот рече дека последниот состанок во Софија беше еден од најконструктивните во последните месеци и последните средби на Комсијата, во кои се постигнати одредени резултати.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави