Бугарската партија ВМРО со концерт ќе ја одбележи 130-та годишнина од создавањето на историската организација ВМРО
Политичката партија ВМРО во Бугарија организира концерт по повод 130-та годишина од создавањето на историската организација ВМРО. Концертот ќе се одржи на 21 октомври (сабота) со почеток од 18:30 часот локално време во салата за концерти на Централниот военен клуб во центарот на Софија.
Во рамките на концертот ќе настапат ансамблот „Гоце Делчев“ од Софиja, познатиот бугарски пејач на изворни и авторски македонски песни Илија Луков и младата бугарска пејачка Десислава Христова.

