Израел одбива прекин на огнот во Газа поради ослободувањето на американскиот заложник
Израел не се согласил на прекин на огнот ниту на договор со Хамас за ослободување на затвореници, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пред очекуваното ослободување на израелско-американскиот заложник Едан Александар. Извор запознаен со ситуацијата изјави дека ослободувањето на Александар, последниот преживеан заложник со двојно американско државјанство, држен во Газа, се очекува денес, еден ден…
