Влошена е состојбата кај двајца критични пациенти кои се лекуваат по пожарот, информира Таравари
Влошена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вкупно четворица се во критична состојба. Министерот за здравство, Арбен Таравари информираше дека се’ уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животно загрижувачка состојба. Одлична вест е тоа што денес ќе бидат пуштени дома пет пациенти…
