Џафери: Застапеноста на Албанците во Армијата е на историски најниско ниво
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост за сериозното влошување на состојбата со застапеноста на Албанците во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија. Поранешниот министер за одбрана и експретседател на Собранието, Талат Џафери обвини дека последните месеци се спроведува дискриминаторска политика при што Албанците се целосно исклучени од клучните позиции, а забележан…
