Груби со години ја крадел државата, а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле и молчеле, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Артан Груби со години ја крадел државата, а за тоа знаеле и СДС и ДУИ и МВР под водство на Оливер Спасовски. Сите знаеле за матните зделки, тендерите во четири очи, влијанието врз судството, криминалот и корупцијата и молчеле. Молчеле само поради една причина, а тоа е да не падне владата и да опстане коалицијата…
