На протестите во Тбилиси беа приведени 224 лица
На протестите кои се одржаа во Тбилиси во изминатите неколку дена, приведени се 224 лица поради ситно хулиганство, отпор и непослушност кон полицијата, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија. Во соопштението се наведува дека се приведени три лица осомничени дека нападнале полицајци при вршење на службената должност и со подметнување пожар предизвикале имотна штета…
