Израел понудил посреднички услуги за разговори со Москва за запирање на непријателствата во Украина
Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, понудил израелски посреднички услуги во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се запрат непријателствата во Украина, соопшти Кремљ. Во телефонскиот разговор инициран од израелска страна рускиот претседател го информирал Бенет за специјалната воена операција во Украина. Притоа двете страни се согласиле да продолжат билатералните контакти на сите нивоа….
