Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Република Албанија, на околу 155 километри југозападно од Скопје. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 3,8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, потресот бил почувствуван…
