Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство
Поради отсуството на СДСМ, беше одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство. Министерот за правда, Игор Филков, информираше дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. „Но, она што денес изостана е токму она што е најпотребно – политичка зрелост. Не може да зборуваме за фер и демократски…
