Чешка и донира на Украина ору

Чешка ќе донира   автоматски и снајперски пушки, пиштоли и муниција во вредност од 7,6 милиони евра на Украина, објави министерката за одбрана на таа држава.

„Владата одобри натамошна помош за Украина, која се соочува со руски напад“, напиша министерката Јана Чернохова на Твитер.

„Министерството за одбрана ќе се погрижи и за транспортот до место поставено од украинската страна. Нашата помош не е завршена“, додава таа.

Прага во јануари и донираше на Украина 4.000 артилериски гранати во вредност од 1,5 милиони евра.



Претходна статија

„Водовод и канализација“ – Скопје ја отвори можноста за производство на еко-електрична енергија преку фотоволтаични централи

Следна статија

УНХЦР: Повеќе од 120 илјади бегалци од Украина во соседните држави

Најново од Вести