ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКИ ПЕТОК, ДЕНОТ НА СТРОГИОТ ПОСТ ВО СПОМЕН НА РАСПНУВАЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС

/

Православните и други христијански верници кои го следат Јулијанскиот календар денеска го одбележуваат Велики Петок, денот кога е распнат Исус Христос. Тој е дел од Страдалната седмица која ќе кулминира со прославата на Велигден, односно, на восреснувањето на исус Христос по неговата смрт на крстот.

Во Светото писмо е запишано дека одлуката за погубување на Христос на Велика Среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велик петок. Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен, го наклеветуваат дека се прогласил себе си за цар и со тоа всушност се кренал против Рим и императорот. За таков грев Римјаните морале да го казнат сторителот. Бидејќи било Пасха, најголемиот еврејски празник за кој било вообичаено да се ослободи еден затвореник, Пилат го прашал насобраниот народ кој сакаат да биде ослободен? Исус или Варава, разбојник кој убил неколку римски војници. Насобраниот народ потбуцнат повторно од фарисеите барал да се ослободи Варава. На прашањето на Пилат што да прави со Исус, народот извикувал “Распни го! Распни го!”. Затоа откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: “Јас не сум виновен за смртта на овој праведник”.

На Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота, каде што е распнат. По патот тој бил плукан и навредуван од мнозинството народ. Но се нашол таму и еден добар човек по име Симон од Киринеја кој се сожалил и му помогнал на Исус да го носи крстот. И денес, патот по кој тој одел е познат како пат на болката. На Голгота биле поставени три крста. Крстот на Исус бил во средината а од страните биле распнати двајца разбојници. Дури и на крстот Исус побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”. Кога околу три часот попладне ја предал својата душа на Бог, сонцето се помрачило, се отворале гробови, земјата се тресела, пердето во храмот се разделило на половина, карпи пукале со страшен звук. Со тоа се обестиниле Исусовите зборови дека “и мртвите камења ќе сведочат за живиот Бог”. По ова, се случува воскреснувањето во недела.

Велики петок се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос.

Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение. Велики петок се смета за најтежок празник во христијанската религија.



Овој ден се празнува со читање извадоци од евангелијата кои ја опишуваат неделата на страдањата на Синот божји, наместо со свети литургии. Во сите храмови ќе се изнесе на поколение плаштеницата (покровот) што го симболизира симнувањето од крстот на телото Господово. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се бакнува до денот на неговото воскресение

Православниот канон за Велики петок предвидува најстрог пост со вода, а многу верници на овој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. Ова важи за сите освен за немоќните и престарените, а покрај постот не се работи и никаква работа. Камбаните не се огласуваат сè до недела, кога за првпат ќе удри ѕвоното за радоста на Христовото воскреснување.

Претходна статија

ПЕНДАРОВСКИ: ЛУЃЕТО ОД СЛУЧАЈОТ „27 АПРИЛ“ НЕ СЕ ТЕРОРИСТИ

Следна статија

ПРИСТИГНАА 200.000 ВАКЦИНИ ОД „СИНОФАРМ“

Најново од Вести