|

ДУИ: Изборот на чаирчани е јасен, бираат помеѓу чесноста на Османи или корупцијата на Меџити

ДУИ соопшти дека Чаир е пред една од најважните одлуки во последните две децении. Според партијата, овие избори не се само за градоначалник, туку за избор на насоката по која ќе се движи општината – напредок или враќање назад.

„Граѓаните се соочени со две целосно различни опции. Од една страна е Изет Меџити – поранешен градоначалник во три мандати, кој, според нас, ја претвори Чаир во зона за лични и партиски интереси, живее надвор од општината и е симбол на дивоградби, криминал и корупција. Денес, наместо поддршка од граѓаните, тој настапува уценет и зависен од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, надевајќи се преку корупција и поткуп да ја поништи волјата на чаирчани“, наведуваат од ДУИ.

„Од другата страна е Бујар Османи – човек од Чаир со 20 години беспрекорна јавна служба, визионер и политичар од новата генерација. Лидер кој знае да обединува, да гради и да работи за доброто на граѓаните, со докажани резултати и интегритет.“

ДУИ порача дека Чаир заслужува општина и администрација кои ќе служат на граѓаните, а не на лични интереси, како и лидер кој нема да ја изневери довербата на луѓето. „Граѓаните заслужуваат иднина со развој и напредок, а не повторување на најлошите страници од минатото,“ завршуваат од партијата.



Слични Објави