Џафери: Проценив дека е посоодветно да се обратам на АФЕТ на јазикот кој најдобро го знам

/

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека не го прекршил Уставот со обраќањето на албански јазик на состанокот на АФЕТ што се одржа на 28 јуни годинава во Брисел, пренесува zoom.mk.

-Останувам на ставот дека не сум го прекршил Уставот и останувам  на ставот дека некому не му дозволив фешта на Комисијата за надворешна политика АФЕТ во Европскиот парламент. Апропо сите случувања не дозволив фешта и проценив дека е посоодветно да се обратам на јазикот кој најдобро го знам, а тоа е мојот мајчин јазик. Соодветно си го знам и службениот, односнo книжевниот македонски јазик, рече Џафери во интервју за емисијата 24 анализа.

Нагласи дека е вродено и природно право што го користел мајчиниот јазик и праша што ќе било ако користел некој друг јазик како англискиот или францускиот.



Целиот напис прочтајте го овде.

Претходна статија

Стојаноска: Интерпелацијата за Џафери е поради непочитување на Уставот и деловникот и доведување на здравјето на пратениците во опасност

Следна статија

Силјановска Давкова: Оваа власт дојде на крилјата на мотото „Нема правда, нема мир“, но донесе непотизам, криминал и корупција

Најново од Вести