ФИЛИПЧЕ: СО ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ, ЦЕНИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА КОРОНАВИРУС ВО ПРИВАТНИТЕ КЛИНИКИ ПРЕДЛАГАМЕ ДА СЕ ДВИЖАТ ОД 40.000 ДО 305.000 ДЕНАРИ

//

Министерот за здравство Венко Филипче, на „Фејсбук“ истакна дека е поднесен предлог Законот за здравствена заштита, со кој се планира да се намалат цените на лекување на коронавирус во приватните клиники, со што, како што вели Филипче, тие да станат достапни за мнозинство граѓани во нашата земја.

„Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари.

Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19.



Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја.

Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани.“, напиша Филипче.

Претходна статија

РАДЕВ ЈА ЗАКАЖА ПРВАТА СЕДНИЦА НА НОВОИЗБРАНИОТ БУГАРСКИ ПАРЛАМЕНТ ЗА 15 АПРИЛ

Следна статија

НА ИНФЕКТИВНИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ВО ЗЕМЈАВА СЕ ЛЕКУВААТ 1043 ПАЦИЕНТИ, СЛОБОДНИ КРЕВЕТИ ИМА

Најново од Вести