|

Инфлацијата во еврозоната во март падна на 2,2%

Инфлацијата во еврозоната е со намалени темпови во март, смирена е од намалувањето на тарифите за енергија и цените во секторот на услуги, соопшти агенцијата за статистика на ЕУ, цитирана од АФП, пренесува БГНЕС.

Инфлацијата во зоната на единствената валута достигна 2,2%, што е благо намалување во однос на 2,3% во февруари, објави Евростат, со што индикаторот се доближи до целната вредност на Европската централна банка од 2%.

Слични Објави