|

Лишено од слобода лицето што пукаше кон стан во Струга, при претресот кај него пронајдени куршуми и дрога

На 30 октомври 2025 година, околу 22:00 часот во селото Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Г.М. (48) од истото село.

При претрес во неговиот дом, спроведен по судска наредба, биле пронајдени и одземени 25 куршуми и бела прашкаста материја, чиј состав дополнително ќе се вештачи.

Според првичните информации, Г.М. се сомничи дека ноќта на 29/30 октомври со огнено оружје пукал кон стан во зграда во Струга, при што е нанесена материјална штета, но нема повредени лица.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни кривични пријави против лицето.

Слични Објави