|

Мирен собир во Кочани: За сеќавање и почит на загинатите во пожарот

Мирен собир во Кочани. Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, граѓаните на Кочани се собраа во Паркот на Револуцијата за да оддадат почит на загинатите и да изразат поддршка за повредените. Денешниот собир започна во 15 часот и траеше еден час, без официјални говори. Присутните истакнаа дека иницијативата била организирана преку социјалните мрежи, како спонтан израз на солидарност и тага. Со испишани пораки на транспаренти, граѓаните побараа правда и целосно расчистување на случајот од страна на правосудните институции.

Граѓаните на собирот јасно изразија поддршка и за лицата од обезбедувањето во дискотеката, кои помогнале во спасувањето на младите, но во моментов се наоѓаат во притвор како осомничени. По завршувањето на собирот, присутните организираа мирен марш низ централните улици на Кочани. Граѓаните најавија дека ќе продолжат со вакви собири и во наредните денови, сè додека не се добијат одговори за трагичниот настан.



Слични Објави