НАДАЛ ЌЕ БИДЕ ПОДГОТВЕН ЗА НАСТАП НА ТУРНИРОТ ВО ЛОНДОН

Карлос Моја, тренерот на Рафаел Надал, е убеден дека првиот тенисер во светот ќе биде подготвен до почетокот на Завршниот турнир во Лондон, кој се игра од 10 до 17 ноември.

Шпанецот на Мастерсот во Париз го предаде дуелот од полуфиналето против Денис Шаповалов, а од тогаш нема настапено и многумина се плашеа дека нема да се појави на завршниот турнир.

Сепак, Шпанецот во четвртокот го имаше првиот тренинг во Лондон, а неговиот тренер очекува тенисерот да биде во ред.

„Во среда работевме на терените во Квис, а во четврток и на О2 Арената. Трнеингот помина добро, но одиме чекор по чекор. Рафа почна да сервира, па забележан е напредок. Треба да биде подготвен за дуел во понеделник“, порача Моја.

Извор: Спорт1