Нови силни експлозии во Киев

/

Неколку силни експлозии oдекнале во главниот град на Украина, додека Киев е под 35-часовен полициски час.

Една од експлозиите била толку силна што ги активирала алармите на автомобилите во центарот на градот, сведочи тимот на Си-ен-ен.

Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, изјави дека украинската воздушна одбрана се активирала и уништила руска ракета, односно дека остатоците од проектилот паднале во реката Днепар.

Киев во моментот е под полициски час што во понеделникот го објави градоначалникот, Виталиј Кличко. Во изјава на „Телеграм“, Кличко рече дека полицискиот час ќе почне во понеделник во 20 часот и ќе трае до 7 часот наутро в среда.

„Утре нема да работат дуќани, аптеки, бензински пумпи, институции“, изјави вчера тој.



„Затоа, ги молам сите да останат дома или во засолништа. Само оние со посебни дозволи ќе можат да се движат низ градот“, додаде Кличко.

Извор: Temite

Претходна статија

Спасовски: Преземаме мерки за подобар стандард и побрзо вработување на младите

Следна статија

Русија загуби 15.300 војници, 99 авиони, 123 хеликоптери, 509 тенкови

Најново од Вести