Општина Велес до среда ќе исплати по 3.000 денари паричен надоместок за околу 500 првачиња
По донесувањето на одлуката на Советот на Општина Велес за паричен надоместок за секое прваче, со ребаланс на буџетот, се обезбедени потребните средства за околу 500 првачиња од Општината, информира градоначалникот Марко Колев.
Тој појасни дека по завршувањето на сите административни процедури средствата ќе бидат на располагање на сметките на родителите најдоцна до среда.
-Продолжуваме посветено! Инвестирањето во децата е инвестирање во нашата иднина!,потенцира Колев.
Извор: Zoom. mk
