|

Отворено 13. Советување на МАКО СИГРЕ: Божиновска ја истакна улогата на знаењето и младите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес го отвори 13. Советување на МАКО СИГРЕ – значаен настан за електроенергетскиот сектор во земјава, кој ги обединува академските и индустриските експерти со цел размена на идеи, иновации и практични решенија.

Како претседател на почесниот одбор, Божиновска во своето обраќање истакна дека советувањето претставува платформа за дискусија на најновите реформи, технологии и достигнувања во областа на енергетиката.

Таа нагласи дека, и покрај сè поголемата примена на вештачката интелигенција во анализите и симулациите, човечкиот потенцијал останува незаменлив:
„Вештачката интелигенција може да биде силна поддршка, но не може да го замени креативниот ум, искуството и страста на инженерите кои го создаваат и обликуваат секој сегмент од енергетскиот систем,“ рече министерката.

Посебен фокус Божиновска стави на младите инженери и студентите, нагласувајќи ја нивната улога во иднината на енергетскиот сектор:
„Вашата енергија, знаење и ангажман се темелот на долгорочниот развој на енергетиката,“ додаде таа.



Слични Објави