„РАКИТИЌ Е КАКО ДЕВОЈЧЕ НА КОЕ МУ ЈА ЗЕМАЛЕ ИГРАЧКАТА? НЕМАМ ШТО ДА КАЖАМ…“

Иван Ракитиќ имаше интервју за шпанските медиуми, за кои призна дека не се чувствува добро во Барселона, зашто го загуби местото во првиот тим.

Ракитиќ имаше можност да замине во ПСЖ минатото лето, но тренерот Ернесто Валверде не сакаше да го продаде, а сега целосно го исфрли од екипата, па поради тоа Хрватот кажа дека е несреќен и се спореди како „девојче на кое му ја земале играчката“.

„Ракитиќ е како девојче на кое му ја земале играчката? Немам коментар на тоа…“, порача Валверде на прашањето на новинарите.

Извор: Спорт1



Слични Објави