|

СДСМ: Со антикризните мерки спречен е ценовен шок во време на најголема криза

Во време на светска криза, Владата предводена од СДСМ презеде навремени и ефикасни мерки кои го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат помош за компаниите, велат од владејачката партија.

„Со намалување на ДДВ за основните производи од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек 1.500 денари месечно.

Најголема заштеда има во однос на сметките за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните во просек би биле повисоки за 2.150 денари на месечно ниво.

Граѓаните секој месец заштедуваат околу 300 денари преку намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% за горивата.

Минималната плата порасна на историски највисоки 18.000 денари, што е за двојно повеќе отколку пред четири години.

Пред неколку години за да се покрие минималната кошничка беа потребни над четири минимални плати, денес две минимални плати се доволни да се покрие кошничката која за март изнесува 36.768 денари.

Потрошувачката кошничка за месец март е зголемена за околу 1.000 денари, но разликата се покрива со дополнителните 1.000 денари помош за следните три месеци кои ја добиваат 330.000 пензионери и околу 35.000 семејства со ниски примања.

Платите растат во сите сектори. Во изминатите четири години, платите во образованието пораснаа за 20%, во здравството, лекарите добиваат од 23 до 40% повисоки плати, вработените во градинките сега добиваат плати повисоки за 21% отколку пред четири години, пораснаа платите и во одбраната, полицијата, културата и јавната администрација“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека согласно рокот предвиден во Законот за минимална плата, следува и усогласување на сите плати.



Слични Објави