|

Се пријавил за 5 работни места под 3 различни националности – бил Ром, па Турчин, па Македонец

Ист кандидат на ист оглас на Државна комисија за спречување на корупција се пријавил за 5 работни места со 3 различни изјави за етничка припадност, во зависност од тоа како се барало според огласот. За едно работно место бил Ром, за друго Турчин, за трето Македонец.

Најдобро рангиран бил на позицијата советник за спречување на корупција како кандидат со ромска националност.

На огласот за советник за информатичка технологија победил Албанец кој се пишал како Турчин. Ова е злоупотреба на уставно загарантираното право на етничка припадност како и на алатката за соодветна и правична застапеност на етничките зедници во администрацијата, реагираат од ДКСК.

Поради ваквите злоупотреби, антикорупционерите бараат да се укине пополнувањето на работни места според етничка припадност.



Слични Објави