|

Словенија избра прва жена претседател, независната кандидатка, Наташа Пирц Мусар

Независната кандидатка, 54 годишната адвокатката Наташа Пирц Мусар победи во вториот круг од претседателските избори во Словенија. Таа ќе биде петтиот словенечки претседател по отцепувањето од Југославија и прогласувањето независност, а прва жена на функцијата.

„Ќе дадам се од себе да бидам вистински претседател за сите, да работам за основните и уставните човекови и демократски права и за демократијата“,рече Пирц Мусар во првата изјава пред новинарите по прогласувањето победа.

Пирц Мусар е поранешна тв презентерка која стана влијателна адвокатка специјализирана за заштита на лични податоци. Ја застапуваше и сопругата на поранешниот претседател на САД, Меланија Трамп. Позната е и како застапничка за правата на ЛГБТ популацијата, а работела и 15 години во Советот на европа како експерт за човекови права.

Противкандидатот анже логар го призна поразот и ѝ ја честиташе победата. Тој е член на десничарската Словенечка демократска партија на поранешниот премиер ЈанезЈанша и беше и министер за надворешни работи во неговата влада .



Слични Објави