СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА БЛАГИЦА АРСОВА
Вечерва, 14 јуни, во ОМУ „Ристо Јуруков“, солистички концерт на пијано ќе приреди Благица Арсова,матурантка од Државниот музички училиштен центар „Сергеј Михајлов“ од Штип, во класата на проф. Славче Величков.
Арсова ќе настапи со дела од Бах, Бетовен, Рахмањинов и Шопен.
Концертот започнува во 19:30 ч.

