|

Утре ќе стигнат 10.000 вакцини на „Aстразенека“, донација од Хрватска

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека утре треба да пристигна 10.000 вакцини на „АстраЗенека“, донација од Хрватска, а во текот на наредната недела се очекува иста количина од вакцината „спутник“.

„Имаме најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на ‘Астра Зенека’, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на ‘спутник’“, изјави Филипче на настан за пациенти со спинална мускулна атрофија.

Тој кажа дека заклучно со вчера се вакцинирани 330.000 граѓани.

Минатата недела пристигнаа 500 илјади вакцини на „Синовак“ и 100 илјади вакцини на „Фајзер“.



Слични Објави