Бојковска: ,,Роаминг како дома“ за македонските граѓани кои ќе патуваат во земјите од ЕУ, по цени како дома
Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овмзможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери, и да можат потребните документи да ги добијат на брз начин без чекање по институции, а развојот на порталот се гледа преку бројот на поднесени барања и бројот на услуги побарани од страна на граѓаните, кажа на денешната прес-конференција Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Владата, додаде таа, работи на усогласување на домашната законодавна рамка со европските регулативи и директиви па така ,,Роаминг како дома“, ќе биде достапен за македонските граѓани кои ќе патуваат во земјите од ЕУ, по цени како дома, и така ќе можат да користат интернет, повици и СМС.
Појасни дека приоритет е реформската агенда, а во рамки на истата донесен е најголем пакет на закони во 2025 година, а истата тенденција продолжува и годинава.
„РС Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот по спроведување на реформите, а ќе се донесат и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда. Досега РС Македонија има добиено 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација.
Оттука, бројот на центрите за услуги е зголемен од 5 од 2024 година до 16 годинава, за да државата биде поблиску до граѓаните на кои им е потребна поддршка.
Дополнително, со Националниот центар за вештачка интелигенција ,,Везилка“, најзначајниот приоритет е јазикот и културата, системски развој на македонските јазични модели и дигитална заштита на културното наследство“.
Според неа, Владата, универзитетите и индустријата пак градат систем за вештачка интелегенција, а РС Македонија станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелегенција, со што се работи на национален екосистем за одговорна и доверлива примена на вештачката интелегенција, применувајќи го нашиот јазик.
„ВМРО-ДПМНЕ како за време на овие две години, така и во наредниот период ќе работи да им овозможи на граѓаните полесен пристап, што значи брзо добивање на лични документи, а воедно со тоа ќе им се намалуваат и трошоците, а во иднина доследно ќе работиме на развивање на дигитализацијата, и нејзино вклучувањ е во сите области“.

