|

ВЛАСТА ПОВТОРНО ГИ ЗАДОЛЖУВА ГРАЃАНИТЕ БЕЗ ДА РЕАЛИЗИРА НИТУ ЕДЕН КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ

Министерката за финансии Нина Ангеловска и нејзиниот премиер Зоран Заев денеска повторно ќе ја задолжат Република Македонија за нови 65 до 67 милиони евра, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Четири месеци како е министер Нина Ангеловска, има пет задолжувања во вредност од над 270 милиони евра и ниту еден капитален проект кој што може да се види со голо око. Најкрупниот проект на новата министерка е враќањето на рамниот данок по примерот на ВМРО-ДПМНЕ. Нема ниту еден капитален проект реализиран. Жалосно“, порачува тој.

Слични Објави