Заев: Ние сме Европа, повеќе од кога било!

/

После три години од склучувањето на „Договорот од Преспа“, се одржа #PrespaForumDialogue. Три години од потписот кој направи историски пресврт во македонско-грчките односи и ја одблокира евроатлантската интеграција на Северна Македонија, истакна премиерот Зоран Заев.

-Покажавме дека е можна промена. Од заробена држава, станавме современ пример кој сите го нарекуваат успешна приказна. Му дадовме на светот нов Балкан. Европски. Балкан кој има намери и капацитети да биде слободен, поврзан, еднаков вреден и еднакво важен дел од напредниот свет.

Денес ги собираме плодовите од решениот спор. Сега имаме исклучително добри односи со Грција и сериозно подобрена билатералната соработка.



Заедничката определба за да воспоставиме пријателска атмосфера со мојот пријател Ципрас, се покажа дека кога се кршат стереотипите се создaва енергија за нови модели на однесување и односи меѓу државите и политичарите. Така прават пријателите, насочени кон решение, кон компромис.

Балканот може, Балканот испорачува, Балканот е новата надеж на Европа, Балканот е Европа. Ние денеска, врз основа на нашето искуство од патот до Преспа и до договорот со Грција, слободно можеме да го кажеме тоа со потполно право. Ние сме Европа, повеќе од кога било, порача Заев.

Претходна статија

Само 5 градови со двоцифрен број на активни на корона – Eве ја состојбата во цела држава

Следна статија

Во Скопје санкционирани 188 возачи, МВР предупредува на засилени акциски контроли

Најново од Вести