|

Зеленски: Русија во текот на ноќта лансираше повеќе од 50 ракети и 500 дронови кон Украина, во нападите загинаа пет лица

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска објави на Фејсбук дека Русија во текот на изинатата ноќ лансираше повеќе од 50 ракети и околу 500 дронови кон Украина и потврди дека во овие напади пет лица се убиени, а 10 се ранети.

„Оваа ноќ, Украина повторно беше под комбиниран руски напад – повеќе од 50 ракети и околу 500 дронови за напад. Тие беа погодени од крстосувачки ракети, „шахед“, вклучувајќи „кинџал“. Нападнати беа регионите Л’вов, Ивано-Франкивск, Запорожје, Чернихив, Суми, Харков, Херсон, Одеса и Кировоград. Досега е познато дека околу 10 лица се повредени во нападите. За жал, петмина загинаа. Моето искрено сочувство до сите што ги загубија своите најблиски поради овој терор“, објави Зеленски, пренесе Укринформ.



Слични Објави