|

ЖИТЕЛ НА МОГИЛА ПОВРЕДЕН ОТКАКО СЕ ПРЕВРТЕЛ СО „ЈУГО“

Вчера во 6:40 часот на локален пат селото Милошево – селото Пресил, С.Д.(35) од селото Св.Тодори, општина Могила, кој управувал патничко возило „југо корал“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, кое се превртело.

По незгодата, С.Д бил пренесен во Општата болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Слични Објави