131 санкциониран возач во Скопје, 58 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
„Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои 58 санкции за непочитување на брзината на движење, 13 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за управување под дејство на алкохол…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.