18 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ ВО МЕСНОСТА КАРПАЛАК

//

Денеска се одбележуваат 18 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители во месноста Карпалак.

Одбележувањето почна вчера со оддавање почит на бранителите во прилепската касарна „Мирче Ацев“, а продоложи утрово со положување на цвеќе.

Поради закажаните активности по тој повод, од 8.45 часот сообраќајот на регионалиот пат Тетово – Скопје е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат кај клучка Групчин, соопшти Автомотосојузот на Македонија.



На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин, кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ОЈО СО ИЗЈАВА ЗА ТВ 21: СИТЕ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ ЌЕ СЕ ПРЕЗЕНТИРААТ ПРЕД НАДЛЕЖЕН СУД

Следна статија

ЌЕ СЕ РАЗГЛЕДУВА БАРАЊЕ ЗА ЗАБРАНА НА ЧУВАЊЕ СВИЊИ ВО СЕЛСКИ ДОМАЌИНСТВА

Најново од Вести