Во пукање во Чаир повреден полицаец кој не бил на должност
Околу 21 часот ноќеска имало пукање во скопската населба Чаир при што било повредено едно лице, според полицискиот билтен. Неофицијално, станува збор за 24-годишен полицаец кој не бил на должност и го препознал напаѓачот.
„Вчера во 21.16 ч од Ургентниот центар на „Мајка Тереза“ пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), повреден од огнено оружје на ул.„Методија Митевски“ во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново“ велат од МВР.

