|

Свлечиште во Италија затрупа неколку згради и автомобили, 13 лица се исчезнати

Рано утринава на италијанскиот остров Искија неколку лица се водат за исчезнати по лизгање на земјиштето предизвикано од силен дожд. Свлечиштето затрупа неколку згради и автомобили, објави новинската агенција Анса, повикувајќи се на локалната полиција.

Италијанската противпожарна бригада од градот Казамичоли на Твитер објави дека „во тек е потрагата по исчезнатите лица“.

Свлечиштето повлече еден автомобил во морето, а двајцата патници се спасени, додаваат пожарникарите. Италијанските медиуми објавија дека се трага по вкупно 13 лица, а властите ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

https://platform.twitter.com/widgets.js

Извор: МКД.мк

Слични Објави