|

Тешка сообраќајка на патот Табановце-Куманово, загина 36-годишен маж

Денеска околу 01.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од с.Лојане, липковско, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починал А.А, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата, информираат од МВР.

Слични Објави